Американски исламисти ги предупредија двајцата автори на анимираната серија „ Саут парк“ дека им се заканува смрт поради, како што тврдат, навредливиот начин на кој во љубилејната 200-та епизода го прикажале пророкот Мухамед
Како што пренесуваат американските медиуми, на Интернет сајтот на организацијата која се нарекува „ Муслиманска револуција“, а чие седиште е во САД, Треј Паркер и Мет Стоун се предупредуваат дека ги чека судбината на холандскиот режисер Тео Ван Гопг, кого во 2004 година на улица во Амстердам го убија исламски екстремисти.
На сајтот, кој е познат по поддршката за Осама Бин Ладен, се објавени и адресите на кои работат Паркер и Стоун.
Споменатата епизода од „Саут парк““ прикажува различни славни личности како се обидуваат да добијат заштита од исмејување и недодопирливост, како што е онаа што ја ужива пророкот Мухамед.
-Мораме да ги предупредиме Мет и Треј дека тоа што го работат е глупаво и дека поради емитувањето на ова шоу, веројатно ќе завршат исто како Тео Ван Гог. Ова не е закана туку предупредување за реалноста на тоа што веројатно ќе им се случи, порачува авторот на текстот Абу Талах ал Амрики.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град