Проститутките во Холандија не помлади од 21 година

Холандската Влада планира да ја зголеми на 21 година старосната граница за проститутките, која досега беше 18 години, соопшти холандското Министерство за правда.

 |  Maja Савиќ  | 
prostitutka
проститутка

prostitutkaХоландската Влада планира да ја зголеми на 21 година старосната граница за проститутките, која досега беше 18 години, соопшти холандското Министерство за правда

Mинистерот за правда Ернст Хирш Балин го испрати овој предлог до Парламентот со законот за заострување на мерките поврзани со борделите и регистрацијата на проститутките.

Во соопштението на Министерството оваа одлука се образложува со фактот дека „лицата кои имаат минимун 21 година донесуваат многу подобри проценки за занимавањето со проституција, отколку тие со 18 години и се многу поподготвени да преговараат и да се изборат со клиентите“.

Проституцијата во Холандија е легализирана во во 2000 година, но оттогаш холандските власти го заострија својот став за тој вид политика во рамки на борбата против организираниот криминал.

Од локалниот синдикат на проститутките „Де Роде Драд“ е оценето дека оваа мерка ќе ги натера девојките помлади од 21 година да одат во нелегалните бордели.

Според новиот закон муштериите на илегалните проститутки можат да платат казна до 7.600 евра или да бидат осудени на најмногу шест месеци затвор. Сопствениците на бордели, кои немаат дозвола или кои го прекршуваат законот можат да бидат казнети на парична казна до 18.500 евра или на затвор до две години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top