Во ЕУ – Ден на жалост

Европската унија го прогласи понеделник 12 април за ден на жалост поради несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински и уште 96 лица, соопштено е во Мадрид.

 |  Маја Савиќ  | 
eu
еу

eu znameЕвропската унија го прогласи понеделник 12 април за ден на жалост поради несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински и уште 96 лица, соопштено е во Мадрид.

Шпанија, како претседавач на ЕУ, соопшти дека во седиштето на сите институции знамињата ќе бидат спуштени на пола копје и дека сите состаноци предвидени за понеделник ќе почнуваат со минута молчење.

Одлуката за Ден на жалост во Брисел донесена е на состанокот на шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос и претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпеј.

Во Полска прогласена е седмодневна жалост поради загинувањето на претседателот Качински (60) и уште 96 луѓе во авионската несреќа која вчера наутро се случи кај Смоленски, во западниот дел на Русија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top