Во Ирак приведено 10-годишно дете, пред да изврши самоубиствен напад

Ирачко дете на возраст од десет години, регрутирано од Ал каеда да изврши самоубиствен напад, беше приведено вчера од полицијата западно од Багдад точно пред да го активира експлозивот на себе.

 |  Маја Савиќ  | 
Irak
Ирак

policija irakИрачко дете на возраст од десет години, регрутирано од Ал каеда да изврши самоубиствен напад, беше приведено вчера од полицијата западно од Багдад точно пред да го активира експлозивот на себе.

Момчето веќе било злоупотребено од Ал каеда за поставување на бомби. Пред четири дена тоа исчезнало од семејната куќа во Амаријат ал Фалуџа, на 35 километри западно од Багдад, соопшти полициски претставник.

Тројца мажи со комбе го одвеле во изолираното село Шичер на 75 километри западно од Багдад и таму го подготвиле за самоубиствен напад.

Вчераутро момчето било замотано со експлозиви и одведено во близина на контролен пункт при влезот на Амаријат ал Фалуџа. Мажите побарале од него да се крене во воздух, кога околу пунктот ќе се соберат многу луѓе.

Момчето се приближило кон пунктот, но еден полицаец му викнал да се оддалечи. Тоа се уплашило и побегнало, но било фатено.

По признанијата на момчето биле уапсени тројца членови на Ал каеда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top