Австралија засрамена со бегството на „капетан Драган“

Австралиското судство е засрамено поради бегството на „Капетан Драган“ Васиљковиќ, австралиски државен и поранешен припадник на воени резерви, кој исчезна по одлуката на националниот Врховен суд за испорачување во Хрватска, јавија локалните медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
Kapetan Dragan
Капетан Драган

kapetan DraganАвстралиското судство е засрамено поради бегството на „Капетан Драган“ Васиљковиќ, австралиски државен и поранешен припадник на воени резерви, кој исчезна по одлуката на националниот Врховен суд за испорачување во Хрватска, јавија локалните медиуми.

Хрватска пред четири години побара испорачување на „Капетан Драган“ (познат под името Даниел Снеден), за да му се суди за воените злосторства, но тој го оспоруваше барањето се до моментот на неговото бегство, пишува дневниот весник The Australian.
Иронијата е што австралиската сојузна полиција не успеа да го пронајде, истата полиција што не го ни барала 19 години, откако обвиненијата против него ги објавија австралиските медиуми и лондонскиот Times, додава весникот.
Од 1958 година австралискиот закон бара да се истражуваат прекршувањата на Женевската конвенција и процесирањето на осомничените за воени злосторства пред австралиските судови.
„Зошто сојузното судство не ја провери веродостојноста на медиумските написи за Васиљковиќ? Зошто ние како народ во развиениот свет не успеваме да ги повикаме сопствените граѓани на одговорност за воените злосторства“, се прашува дневниот весник The Australian.
Весникот истакнува дека австралиското сојузно судство и без патување во Хрватска можеше да дознае за предметот дека стои во Врховниот суд во Сиднеј, кога Васиљковиќ неуспешно ги тужеше весниците за клевета.
Тогаш можело судството да го слушне војникот кој сведочел дека бил изложен на електро-шокови на гениталиите, кои ги применувале подредените на Васиљковиќ.
Исчезнувањето на Васиљковиќ ја зголемило загриженоста за искрената определба на Австралија да ги процесира осомничените за воени злосторства, предупредува Sydney Morning Herald.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top