Сите американски нуклеарни ракети се насочени кон океаните

Сите американски нуклеарни ракети во моментов се насочени кон океаните, за да се избегне опасноста случаен старт на таква ракета да доведе до нуклеарна катастрофа, ја пренесоа светските агенции изјавата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс дадена синоќа на брифинг во Пентагон.

 |  Maja Савиќ  | 
balisticka raketa
балистичка ракета

Robert GatesСите американски нуклеарни ракети во моментов се насочени кон океаните, за да се избегне опасноста случаен старт на таква ракета да доведе до нуклеарна катастрофа, ја пренесоа светските агенции изјавата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс дадена синоќа на брифинг во Пентагон.

-Сите наши интерконтинентални балистички ракети во моментов се насочени кон океаните, така што при случаен старт или технички проблем, боевата глава да падне на средина на океан, а не во некоја земја. . . Бомбардерите со нуклеарно оружје веќе не дежураат на пистите во состојба на готовност за итно полетување. Ние преземавме редица мерки, чија цел е на претседателот да му биде дадено дополнително време за донесување одлука и да не се дозволи нуклеарните ракети што се во борбена готовност да станат причина за катастрофа, изјави Гејтс.

Според агенциите, Пентагон во моментов располага со 450 интерконтинентални балистички ракети со нуклеарно полнење, разместени во силоси, и со 336 ракети „Трајдрент 2“, стационирани во подморници. Во вооружувањето се и 44 стратегиски бомбареди Б-52 и 16 бомбардери Б-2, кои можат да носат нуклеарно оружје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top