Велика Британија е „рај“ за прикривање воени злосторници

Територијата на Велика Британија е претворена во „вистински безбедносен рај“ за прикривање и престој на воени злосторници од разни краеви на светот, тврди во својот извештај организацијата за заштита на човековите права „Егис траст“.

 |  Маја Савиќ  | 
zname
знаме

znameТериторијата на Велика Британија е претворена во „вистински безбедносен рај“ за прикривање и престој на воени злосторници од разни краеви на светот, тврди во својот извештај организацијата за заштита на човековите права „Егис траст“.

Според сознанијата на оваа организација, преку 50 луѓе кои се осомничени за насилство врз цивили и политички противници, за тортура и за убиства, мирно живеат по разни британски градови, без страв дека може да бидат прогонувани, апсени и изведени на суд за извршените злодела. Меѓу овие луѓе, прибежиште во Велика Британија користат високи функционери на поранешниот диктаторски режим на Садам Хусеин во Ирак, потоа членови на одделението за кривична истрага во Зимбабве, како и шефот на конгоанската полиција кој во едно поранешно интервју има признаено дека извршил злосторство, јави дописникот на МИА од Лондон.

„Егис траст“ тврди дека уште 500 други лица со сомнително минато се прикривале во Велиика Британија, во изминатите пет години, па стравувајќи да не биде откриено она за што се осомничени, ниту имаат побарано регулирање на својот статус, со добивање дозвола за престој и жителство во земјата, ниту покренале постапка за добивање бегалски или имигрантски статус.

Во списокот на овие луѓе се посочува и името на Миле Босник (54), Србин од Хрватска, кого Владата во Загреб го бара за извршени злосторстава врз цивили за време на војната во оваа поранешна југословенска република. Тој меѓутоа од минатиот месец е во притвор, откако по потерница на Хрватска е уапсен во неговата кука во Глостер. Посочен е и случајот на поранешниот претседател на БиХ, сега професор од Сараево Ејуп Ганиќ кој на почетокот од март беше уапсен на аеродромот Хитроу во Лондон, каде допатува како гостин на универзитетот Бакингам за да одржи предавање. Тој беше ослободен со кауција и сега чека судска разврска, по барањето на Србија за екстрадиција, обвинувајќи го за убиството на десетина војници од поранешна ЈНА во Сараево, во мај 1992 година.

Претставник на „Егис траст“ објаснува дека за оние кои живеат во Британија, не плашејќи се за тоа дека ќе бидат уапсени или екстрадирани, британскиот Хоум Офис за сите педесет осомничени има испратено документација до Метрополитен полицијата во Лондон за да ги истражи сите случаи и да им ги предаде на обвинителството, но досега полицијата се нема ангажирано.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top