Терористичко љубовно писмо

“Ќе се сретнеме во рајот,“ гласела пораката што била испишана на арапски јазик на парче хартија најдено во џебот на Џенет Абдурахманова, 17-годишната девојка за која што се смета дека изврши еден од нападите на метрото во Москва.

 |  Маја Савиќ  | 
Abdurahmanova
Абдурахманова

Hdzenet Abdurahmanova“Ќе се сретнеме во рајот,“ гласела пораката што била испишана на арапски јазик на парче хартија најдено во џебот на Џенет Абдурахманова, 17-годишната девојка за која што се смета дека изврши еден од нападите на метрото во Москва. Во тек е графолошка анализа на ракописот.

И самото име на жената самоубиец произлегува од арапскиот збор Џенет, што значи рај. Како и нејзините претходнички кои себе си се нарекувале “црни вдовици“ и нејзиниот мотив за нападот најверојатно бил одмазда за убиството на нејзиниот сопруг.

Се уште не е познато како Абдурахманова се нашла меѓу терористите, иако локалните власти уште претходно ја идентификувале Џенет како некој што е склон кон екстремизам.

Таа потекнувала од мало село во Дагестан. Се шпекулира дека можеби после смртта на нејзиниот сопруг западнала под влијание на идеологијата на вехабистите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top