Њујорк е на првото место на листата на највлијателни градови во светот која годишно ја формираат компаниите од секторот на недвижнини „Најт Френк“ и Сити прајват банк
На листата се 40 градови ширум светот со оцени за нивната економска активност, политичко влијание, интелектуален капитал и квалитет на живот.
На врвот се случи рокада – Њујорк наместо Лондон. Од сите големи финансиски центри, британскиот главен град најмногу беше погоен од економската криза.
Во категоријата „политичко влијание“ на врвот на листата е Вашингтон, додека Сингапур е град со најдобар квалитет на живот.
Минатогодишните позиции ги зачуваа Париз (3 место), Токио (4 место) и Лос Анџелес (5 место).
„Напредок“ остварил Берлин кој од 13 се искачи на 8 место. Москва за една година е две места пониско на листата – 22 место.
На листата подобрени се местата на Пекинг, Сингапур и Шангај, но се уште заостануваат по квалитет на живот и интелектуално влијание.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град