Светскиот ден на водите денеска ќе биде одбележан ширум светот со различни манифестации, а овогодишната тема е „Чиста вода за поздрав свет“ (Clean water for a healthy world) за да се привлече вниманието на значењето на нејзиниот квалитет и количеството.
Целта на овогодишното одбележување е да се подигне свеста за одржување здрав екосистем со зголемен квалитет на водата за да се одговори на предизвиците во водостопанството, се вели на сајтот на Светскиот ден на водите.
Наведено е дека е важно за владите, организациите, заедниците и поединци во светот активно да се вклучат во решавање на проблемот со квалитетот на водата, спречување на загадување, чистење и слични постапки.
На конференција на ОН во 1992 година во Рио де Жанеиро беше предложено 22 март да биде одбележуван како Светски дена на водите, што почна една година подоцна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град