Политичка проституција во Британија

Тројца поранешни лабуристички министри денеска се обвинети за „илегално“ лобирање за потребите на британски компании, како и за „трговија“ со министерските места, откако британскиот телевизиски Канал 4 и неделникот “Сандеј Тајмс”, чии новинари лажно се претставиле како посредници, прикажаа дека се подготвени за лобирање и дека за тоа наплатуваат меѓу три и пет илјади фунти на ден.

 |  Маја Савиќ  | 
funti
фунти

Britanski ministriТројца поранешни лабуристички министри денеска се обвинети за „илегално“ лобирање за потребите на британски компании, како и за „трговија“ со министерските места, откако британскиот телевизиски Канал 4 и неделникот “Сандеј Тајмс”, чии новинари лажно се претставиле како посредници, прикажаа дека се подготвени за лобирање и дека за тоа наплатуваат меѓу три и пет илјади фунти на ден

Поранешниот министер за транспорт Стивен Бајерс кој веќе пет години не е во Владата, како и министерот за здравство Патриша Хјуит и за одбрана Џеф Хун, кои беа членови на кабинетот на Тони Блер се обвинети дека илегално се нуделе, за парична надокнада, да лобираат за некои компании преку свои силни врски во Даунинг стрит 10.

Според Канал 4 и “Сандеј тајмс”, Бајерс е обвинет дека наплатува по пет илјади фунти на ден, на втората средба со лажните посредници, бил повнимателен и помалку подготвен да го уновчи своето мнистерско минато и своите врски во актуелната Влада. Тој денеска категорично демантира дека работите се такви какви што ги прикажува лондонскиот неделник, кој важи за близок до Ториевците, а со деманти се огласија и Хјуит и Хун, кои наводно за лобирање бараат по три илјади фунти дневно.

Тврдењето на медиумите го отфрлија и некои од компаниите кои се посочуваат како фирми за кои поранешните министри лобираат или се подготвени тоа да го направат.

Но, министерот за финансии, Алистер Дарлинг во изјава за Би-Би-Си таквото однесување на неговите поранешни колеги го нарече „глупаво“. Поумерен во критиката беше шефот на дипломатијата Дејвид Милибанд кој за телевизија Скај рече дека „нема место за било кого да тргува со својата функција“.

Лобирањето во Велика Британија не е формално забрането, но се смета за полтички недозволено однесување и тоа сите, барем јавно, одбегнуваат да го прават.

Бајерс важи за остар критичар на актулениот лидер на Лабуристите, Гордон Браун, додека Хјуит и Хун минатиот месец се обидоа да покренат процес за гласање за доверба на Браун меѓу лабуристицките пратеници, но нивното барање не наиде на поширок одглас. Хјуит и Хун, како и Бајерс пред нив најавија дека по изборите нема повеќе да бидат пратеници. Од британската влада тие поднесоа оставки не согасувајќи се со начинот на кој сегашниот лидер управува со земјата и партијата.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top