Путин го уриваат преку Интернет

Руската опозиција се обидува со помош на Интернет да направи фронт против премиерот Путин и да го натера да даде оставка.

 |  Маја Савиќ  | 
putin
Путин

PutinРуската опозиција се обидува со помош на Интернет да направи фронт против премиерот Путин и да го натера да даде оставка

Најрадикалните опозиционери го направија сајтот www.putinavotstavku.ru на кој е објавено писмо со наслов „Путин треба да си оди“. Главна порака на авторите на писмото е „во Русија не се можни какви било реформи додека Путин ја има реалната власт во земјата“.

Авторите на писмото оценуваат дека „владејачкиот врв ја доведе земјата во историски ќор-сокак“.

Досега тоа писмо го потпишаа 12.753 луѓе и големо мнозинство (76 отсто) ги даде сите свои податоци, име, професија и адреса на постојано живеење.

На прво место меѓу потписниците е Јелена Бонер, сопруга на покојниот нобеловец Андреј Сахаров. Меѓу првите потписници се и стариот дисидент Владимир Буховски, кој живее во Лондон, како и поранешниот светски првак во шах, Гари Каспаров, Борис Немцов, кој во времето на Елцин беше потпретседател на владата на Русија.

Опозицискиот неделник „Новое времја“, кој на таа тема и’ даде централно место во последниот број, со разочарување пишува дека меѓу потписниците има многу малку студенти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top