25 милиони евра казна од ЕУ за Бугарија

Европската комисија најави дека ќе ја казни Бугарија со парична казна во износ од околу 25 милиони евра поради прекршоци во врска со директното исплаќање на земјоделските производители во 2008 година и поради исцртување на нивите на бугарските фармери на електронска карта.

 |  Маја Савиќ  | 
pari
пари

BugarijaЕвропската комисија најави дека ќе ја казни Бугарија со парична казна во износ од околу 25 милиони евра поради прекршоци во врска со директното исплаќање на земјоделските производители во 2008 година и поради исцртување на нивите на бугарските фармери на електронска карта

Бугарскиот министер за земјоделство и храна Мирослав Најденов изјави дека ќе се жали со цел казната да биде намалена.

ЕК пред еден месец ја казни Бугарија со 20 милиони евра поради незаконска исплата на субвенции за 2007 година.

Во Министерството за земјоделство сметаат дека казната ќе биде платена од средствата за годинешните субвенции за земјоделство, за што се предвидени околу половина милијарда евра.

Европската комисија побара од Бугарија да спроведува структурна фискална политика и да продолжи со планираните структурни реформи.

Економскиот пораст на Бугарија минатата година е намален за 5,1 отсто, а Владата на премиерот Бојко Борисов планира оваа година тој да биде зголемен за 0,3 проценти. Буџетскиот дефицит во јануари изнесувал 250 милиони евра.

Бугарските медиуми објавија дека Министерството за финансии планира воведување на 28 антикризни мерки, кои биле остро нападнати од синдикатот, иако не се објавени.

За сабота се најавени протести, на кои ќе учествува и министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов, кој ќе ги поддржи своите полицајци во барањето за подобрување на условите за работа.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top