Медведев: Пристапот на Русија до Арктикот е ограничен

Рускиот претседател Димитриј Медведев ги обвини САД, Канада, Данска и Норвешка дека и го ограничуваат на Русија пристапот до природни ресурси на Арктикот(Северен пол).

 |  Маја Савиќ  | 
northern lights
арктички светлини

medvedevРускиот претседател Димитриј Медведев ги обвини САД, Канада, Данска и Норвешка дека и го ограничуваат на Русија пристапот до природни ресурси на Арктикот(Северен пол).

“Како последица на глобалното затоплување ќе се случат спорови меѓу земјите кои бараат пристап до арктичките ресурси. Земјите од областа на Арктикот се обидуваат да ја спречат Русија да дојде до природни ресурси во таа област, изјави рускиот претседател Медведев за време на состанокот на Советот за безбедност во Москва.

Тој истакна дека другите земји веќе преземаат активни чекори во насока на ширење на своето научно, економско и  воено присуство на Арктикот.

Рускиот претседател рече дека стануваат евидентни напорите на Русија да и се ограничи пристапот до арктичките ресурси што е неприфатливо од правен аспект но и неправедно ако се земе во предвид географската положба на Русија и историјата на земјата.

Големите резерви на природни ресурси како нафтата се повеќе ги привлекуваат земјите од овие области особено откако природните богатства станаа подостапни со помош на технолошкиот развој и глобалното затоплување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top