Расизам во Волмарт

Преку разглас во Волмарт во Њу Џерси им било наредено на сите црнци да го напуштат супермаркетот.

 |  Маја Савиќ  | 
walmart
валмарт

walmartПреку разглас во Волмарт во Њу Џерси им било наредено на сите црнци да го напуштат супермаркетот
Машкиот глас на разглас во Волмарт изјавил : Внимание, купувачи во Волмарт: Сите црници веднаш да го напуштат супермаркетот.

Купувачите кои во тј момент биле во супермаркетот велат дека веднаш по инцидентот на разгласот се обратил и директорот на Волмарт за да се извини за кажаните зборови. За сега се уште не се знае кој е одговорен за неумесниот коментар, но голем број од луѓето кои се нашле во тоа време во супермаркетот бесно изреагирале на таквите зборови.

„Сакам да знам зошто некој би дал таква изјава, затоа што изгледа дека ние за џабе ги подучуваме нашите деца како треба да се изразуваат. Ако тоа било шега тогаш на таа шега се смее само една личност, а таа не е некоја од нас“, вели Шеила Елингтон која била на шопинг со својата пријателка.

Шејла и нејзината пријателка Патрициа Конвигтон велат дека повеќе нема да купуваат во Волмарт се додека Управата на супермаркетот со своите понатамошни постапки не ги увери дека вакво нешто повеќе никогаш нема да се повтори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top