Три месеци откако ја прими Нобеловата награда за мир, Барак Обама синоќа го објави имињата на хуманитарните организации на кои ќе им подели 1.4 милиони долари, колку што изнесува паричниот дел на наградата.
„Тие организации вршат одлична работа во САД и странство, помагајќи им на студентите, бранителите и на неброени други кои имаат потреби. Горд сум што можам да ја поддржам нивната работа“, изјави американскиот претседател Барак Обама.
Најголем износ, 250.000 долари, прими организацијата Fisher House, која обезбедува сместување на семејствата на тешко ранетите од Ирак и Авганистан, во текот на нивната долготрајна рехабилитација.
Фондацијата Клинтон – Буш за помош на разорениот Хаити доби 200.000 долари.
По 125.000 долари примија пет здруженија за помш во високообразовниот систем на малцинските заедници – College Summit, Posse Foundation, United Negro College Fund, Hispanic Scholarship Fund и American Indian College Fund, како и уште неколку други невладини и хуманитарни организации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град