Нема мир без човекови права

Извештајот за човекови права во 194 земји, што го објави Стејт департментот, констатира – во повеќе земји се зголемил степенот на кршење на човековите права, но и ширум светот се преземаат повеќе мерки за нивна заштита.

 |  Маја Савиќ  | 
human rights
човекови права

human rightsМинатата, 2009 година, претставува година на контрасти, бидејќи од една страна во повеќе земји се зголемил степенот на кршење на човековите права, но од друга страна ширум светот се преземаат повеќе мерки за нивна заштита – оцени шефицата на Стејт департментот, Хилари Клинтон при претставувањето на извештајот и нагласи: „Нема мир без човекови права и човечко достоинство за сите!“

„Слабите ученици“

Критиката за Иран е насочена пред се’ кон однесувањето на власта кон критичарите и демонстрантите.

На врвот на негативната листа се наоѓаат вообичаените земји како Кина, Иран, Куба, Северна Кореја и Судан. Во Кина состојбата не се поправила, туку дури се влошила, бидејќи критичарите на режимот се подложени на засилени шиканирања, а засилен е и притисокот врз религиозните малцинства. Критиката на сметка на Иран е насочена пред се’ кон однесувањето на власта кон критичарите и демонстрантите, а на Куба најстрашна е состојбата во затворите.

Европа не е поштедена

Експертите на Стејт департментот меѓутоа имаат критички забелешки и за европските земји: „Муслиманите се подложени на зголемена дискриминација и има изливи на омраза кон нив“, оцени државниот секретар Мајкл Поснер.Стејт департментот како проблем во Германија го гледа, меѓу другото, непријателството кон странците .

Тој го критикуваше и референдумот на граѓаните на Швајцарија за забрана на градење нови минариња, а што се однесува до Германија, Поснер порача: „Германскиот правен систем е принципиелно силен, но има проблеми, на пример, со дискриминација.“

Поснер, притоа, мисли на ставот на германските власти кон сектата Сајентолоџи, како и забраната за носење шамија за наставничките од муслиманска вероисповед. Стејт департментот како проблем во Германија го гледа уште непријателството кон странците, како и антисемитизмот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top