Ново одложување на судење против Берлускони

Новото судење е закажано за 12 април кога премиерот Силвио Берлускони повторно нема да може да присуствува на рочиштето.

 |  Маја Савиќ  | 
Berluskoni
Берлускони

BerluskoniПовторно одложено уште едно судење против премиерот на Италија, Силвио Берлускони. Премиерот и 11 лица се обвинети за затајување на данок и злоупотреба на авторски права преку медиумската куќа во сопственост на Берлускони Медиасет. Новото рочиште е закажано за 12 април, објавија италијанските медиуми.

Никој од обвинетите не присуствувал на закажаното рочиште по што судиите одредиле нов датум на сослушување. Адвокатот на премиерот Берлускони го оправдал својот клиент дека на закажаниот термин премиерот исто така има државнички обврски. Пемиерот во тој период ќе бил во посета на Вашингтон.

Берлускони вешто го избегнува и другиот судски процес кој е води против него за подмитување на британскиот адвокат Дејвид Милс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top