Прв пат во светот: суд пресудил дека мобилен телефон предизвикал рак

Во Бреша, Италија, за прв пат во светот, на суд е донесена одлука дека долготрајната употреба на мобилен телефон била причина за појава на тумор,односно карцином.

 |  Маја Савиќ  | 
mobil phone
мобилен телефон

mobil phoneАпелациониот суд во Бреша, Италија ,ја променал првостепената пресуда и го осудил INAIL (Национален завод за инвалидитет и несреќи на работно место) да плати оштета на 57-годишниот Иноценте Марколини, кој се здобил со 80% инвалидност после две операции на тумор на нервот Trigeminus на лицето.
Марколини имал ужасни болки поради кои подолго време примал морфиум. Судот го прифатил тврдењето на Марколини дека на работното место од 1991 година до 2003 година, по 5-6 часа дневно разговарал на мобилен телефон. Покрај тоа била прифатена за меродавна и студијата на шведскиот професор Ленард Хардел кој тврди дека електромагнетските бранови од мобилните телефони можат да предизвикаат неоплазија.
Во судскиот процес одбиена е, како застарена, студијата на Светската здравствена организација од 2000 год. според која неоплазијата е многу мала со оглед колку е раширена во светски рамки мобилната телефонија а како пристрасна била отфрлена студијата на Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) бидејќи била кофинансирана од некои производители на мобилни телефони.
Апелациониот суд донесол пресуда дека долгата употреба на мобилен телефон е една од причините за појава на рак на тоа место на телото и му ги признал на Марколини неговите права кои произлегуваат од стекната инвалидност на работно место.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top