Јужнокорејската фабрика за автомобили “Хјундаи“ објавила дека ќе ги повлече моделите “Соната“.
Јужнокорејската фабрика за автомобили “Хјундаи“ објавила дека ќе ги повлече моделите “Соната“.
Тоа е инаку најуспешниот модел на фабриката, се повлекуваат возила од САД и Јужна Кореја поради проблеми со електронското заклучување на вратите.
Повлекувањето се однесува на 1300 возила “соната“ веќе продадени на американскиот пазар и на околу 46 илјади автомобили до Јужна Кореја, соопштила компанијата.
Оттаму велат дека вестите за “Соната“ ги вознемириле.
“Но, реакцијата на производителот е емоционална. Хјундаи веќе откри во што е проблемот и почна со заменување на проблематичните делови, за разлика од Тојота која се уште не разјаснила точно што е дефектот што почна да се појавува на автомобилите уште лани“, рекол аналитичарот за безбедност Ли Сеонд-јае, пренесува “Ројтерс“.
Голем број од повлечените возила на Тојота може да предизвика аналитичарите на возачите да им ги препорачуваат достапните Хјундаи. Од Хјундаи велат дека примиле тужби од возачите, но дека не е пријавена ниту една несреќа или повреда поврзана со тој модел.
Објавата на Хјундаи доаѓа во време кога првите луѓе на јапонската компанија Тојота поднесуваат сметка пред американскиот конгрес по повлекувањето на милиони неисправни автомобили во светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град