Курдски активист се обидел да го погоди премиерот на Турција, Реџеп Таир Ердоган, но чевелот завршил на друго место.
Курдски активист се обидел да го погоди премиерот на Турција, Реџеп Таир Ердоган, но чевелот завршил на друго место.
Фрлањето чевли во знак на несогласување со политиката која ја водат светските лидери стана тренд. Нова мета на фрлач на чевли стана и премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Курдски емигрант во Шпанија фрлил чевел врз Ердоган за време на неговата посета на шпанскиот град Севиља, јави турската телевизија Хабер Турк.
„Да живее Курдистан!“, извикал емигрантот при својот триумфален напад со чевел врз премиерот Ердоган по завршувањето на церемонијата на која Ердоган добил награда од локалната фондација НОБО за придонес во развојот на дијалогот помеѓу религиите.
Чевелот за среќа не го погодил премиерот Ердоган, а курдскиот активист бил веднаш уапсен од полицијата.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град