Израел претстави беспилотни авиони, кои можат да летаат до Иран

Израелските воено-воздухопловни сили претставија денеска големи беспилотни авиони, кои можат да летаат до Иран.

 |  Маја Савиќ  | 
heron TP
Херон ТП

heron TPБеспилотните авиони „Херон ТП“ имаат распон на на крилата од 26 метри, со што имаат димензии на патнички авион. Тие можат да летаат во траење од 20 часа и претежно се користат за набљудување и за пренесување на товар.

Авионите се произведени од државната компанија на Израелската воздухопловна индустрија и прв пат се употребени за време на офанзивата во Појасот Газа минатата година. Компанијата тврди дека тие можат да стигнат до Персискиот залив.

На церемонијата на презентирање на авионите во воздухопловната база Тел Ноф, израелските власти одбија да кажат колку летала има во флотата и дали тие ќе бидат употребени против Иран.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top