Во Калабрија на југот на Италија повеќе илјади луѓе се евакуирани поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи.
Во Калабрија на југот на Италија повеќе илјади луѓе се евакуирани поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи.
Локалните медиуми пренесуваат дека се евакуирани околу 2.300 жители од селото Мајерато поради лизгање на земјиштето на оближната планина.
Припадниците на службата за вонредни интервенции и пожарникари работат без престан за да ја осигураат безбедноста на граѓаните и бараат прогласување на елементарна катастрофа во областа.
Околу 300 луѓе се згрижени во импровизовани засолништа. Пред два дена, половина од жителите на селото Сан Фратело, на Сицилија, се евакуирани кога слично лизгање на земјиштето загрозило десетина куќи.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град