Пратката со ураниум за Русија чиј превоз со железница беше спречен во вторникот од активисти на Greenpeace, претоварена е на брод.
Пратката со ураниум за Русија чиј превоз со железница беше спречен во вторникот од активисти на Greenpeace, претоварена е на брод.
Бродот вчеравечер испловил од француското пристаниште Le Havre во Сан Петерсбург, изјавија од организацијата за заштита на природата и од управата на пристаништето.
Активистите на Greenpeace направиле ланец од своите тела во вторникот на железничката пруга и на влезот во фабриката за обогатување на ураниум Eurodif во кругот на нуклеарната централа Tricastin на југоистокот на Франција,спречувајќи го поаѓањето на композицијата.
Блокадата била прекината после цели 10 часа,кога дошла полицијата и ги растерала демонстрантите.
Возот продолжил за Le Havre во вторникот навечер и ураниумот бил натоварен на бродот Kapitan Kuroptjev кој плови под знамето на Малта.
Еден од портпаролите на Greenpeace, Аксел Ренудин, го изразил своето задоволство од акцијата „која ја натера компанијата Arevа да го промени правецот на движење“.Greenpeace бара мораториум за вакви пратки истакнуваќи дека се работи за нуклеарен отпад а не за ураниум.
Од Areva тврдат дека се работи за хексафлорид на ураниумот кој ќе се обогати во Русија и потоа ќе биде вратен во Франција каде ќе се преработи во нуклеарно гориво.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град