Асистентка пукаше во колегите на факултет во Алабама

Тројца вработени во факултетот се убиени а други тројца ранети во пукањето кои се случи вчера на универзитетот во Алабама, објави портпаролот на факултетот.

 |  Маја Савиќ  | 
Amy Bishop
Ејми Бишоп

pukanje AlabamaТројца вработени во факултетот се убиени а други тројца ранети во пукањето кои се случи вчера на универзитетот во Алабама, објави портпаролот на факултетот. Според информациите кои ги пренесува CNN, кратко по пукањето уапсена е жена која е осомничена дека го извршила крвавиот напад. Шефот на локалната полиција ја оставил отворена можноста дека се уапсени и други лица поврзани со настанот.
Според последните информации,уапсената е Ејми Бишоп. Бишоп на состанокот на професорите на факултетот во градот Хунтсвил, извадила огнено оружје и почнала да пука во своите колеги.
Мотивот за убиствата бил бесот на асистентката бидејќи не добила титула професор. Веста дека нема да напредува ја добила вчера по што тргнала во одмазднички поход.
Тројцата вработени во факултетот кои го загубија животот се: Гопи Подила раководител на отсекот за биологија, Марија Дејвис, професорка на тој оддел и Адриен Џонсон, исто така професор по биологија.
Од хоспитализираните лица, две се борат за живот а едно е во стабилна состојба.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top