Возач на брза помош заспал додека возел три бебиња

Во судар на камион со возило на брза помош на автопатот помеѓу Белград и Ниш во Србија повредена е деветмесечна тројка.

 |  Маја Савиќ  | 
brza pomosh
брза помош

brza pomoshВо судар на камион со возило на брза помош на автопатот помеѓу Белград и Ниш во Србија повредена е деветмесечна тројка.
За среќа, во сударот бебињата Митровиќ поминале само со полесни повреди.Бебињата,нивните родители и уште еден брачен пар се пренесени во болница во Јагодина,додека еден потешко повреден патник е однесен во болница во Белград.
Виновен за сообраќајната несреќа е возачот на брзата помош кој заспал на воланот и се залетал во задниот дел на камион со приколка.
Директорот на болницата во Јагодина, д-р Дарко Милетиќ изјавил дека бебињата се чувствуваат добро и дека почнале да јадат.Возачот и совозачот од камионот не се повредени.
“Се движевме на десната лента кога во еден миг осетивме силен удар во
приколицата. Камионот се затетерави од ударот.”-изјавил возачот на камионот
Драган Васиќ и додал дека не може да го опише стравот кој го почувствувал кога видел дека во брзата помош има бебиња. Васиќ изјавил и дека условите на патот биле идеални а за сударот го обвинува возачот на брзата помош.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top