Ново чудо на Хаити: Спасен после 27 дена!

Во теренската болница во Порт – о – Пренс донесен е 28-годишен маж за кој се верува дека под рушевините бил безмалку месец дена.

 |  Маја Савиќ  | 
Haiti zemjotres
Хаити земјотрес

Haiti zemjotresСе чини дека чудата на Хаити не престануваат да се случуваат. Во теренската болница во Порт – о – Пренс донесен е 28-годишен маж за кој се верува дека под рушевините бил безмалку месец дена.
Еван Мунси во болницата го донесло едно семејство. Рекле дека го пронашле случајно додека копале во рушевините на плоштадот.
“Она што се случи овде е следното,во нашата хитна служба беше донесен маж во дехидрирана состојба и со нарушено здравје.Го прегледавме , му дадовме инфузија, и го префрливме на  интензивна нега.Тој сега се наоѓа во релативно добра состојба.” – изјавил за Ројтерс д-р Дишант Џајавир.
При тоа додал дека тврдењето на семејството дека Мунси е спасен  не може да биде со сигурност потврдено но дека нивната приказна би можела да биде вистинита.

“Тоа би можело да се случи. Необично е но не и невозможно.Тоа го тврдам поради прегледите кои ги направивме над неги и здравствената состојба во која се наоѓаше”-заклучил Џајавир.
Жената која тврди дека е мајката на Еван, изјавила дека не знаела дека нејзиниот син е жив, “Тој ден замина да работи на пазарот.Мислев дека е мртов”.Самиот преживеан тврди дека некој му давал да пие вода, додека бил под урнатините и на тој начин му го спасил животот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top