Во близина на Тирана пронајдена масовна гробница

Властите се сомневаат дека во неа се наоѓаат посмртни остатоци на политички затвореници стрелани за време на комунистичкиот режим на поранешниот албански диктатор Енвер Хоџа,јавиле медиумите во Приштина.

 |  Савиќ Маја  | 
Grobnica
Гробница

TiranaВластите се сомневаат дека во неа се наоѓаат посмртни остатоци на политички затвореници стрелани за време на комунистичкиот режим на поранешниот албански диктатор Енвер Хоџа,јавиле медиумите во Приштина.

Се предпоставува дека во масовната гробница на ридот кај местото Дајтија,во близина на Тирана,која е пронајдена вчера,се наоѓаат посмртни остатоци на 19 лица.
Гробницата е пронајдена благодарение на исказите на лица кои за нејзиното постоење дознале од поранешни политички затвореници од кумунистичкиот режим.
Сите закопани во гробницата се убиени со еден истрел во глава, а албанскиот премиер Сали Бериша најавил дека сите остатоци ќе бидат научно анализирани и жртвите ќе бидат идентифицирани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top