Обама и Далај Лама подобро да не се сретнат

Кина стравува дека можната средба на Барак Обама со Далај Лама ќе нанесе штета на довербата меѓу двете земји.

 |  Маја Савиќ  | 
barak obama
Барак Обама

Bush i Dalaj LamaКина стравува дека можната средба на Барак Обама со тибетскиот водач Далај Лама ќе и нанесе штета на довербата меѓу двете земји кои веќе се во спор поради продажбата на американско оружје на Тајван.
Zhu Weigun од Обединетиот фронт на кинеската владеачка комунистичка партија,изјавил на конференција за новинари, дека неговата влада остро се спротивставува на можноста за било каква средба меѓу Обама и Далај Лама,кого Пекинг го смета за опасен сепаратист.
“Состанокот би бил во спротивност со меѓународната пракса и сериозно би ги подкопал политичките темели на кинеско-американските односи”-изјавил Zhu.
Се предпоставува дека Обама ќе се сретне со Далај Лама кога тибетскиот монах ќе ги посети САД во наредниве месеци. Белата куќа нема јавно потврдено дека ќе дојде до таква средба.
Дури и симболична кратка средба би предизвикал гнев во Пекинг,кој неодамна им се закани со санкции на американските компании поради предлогот за продажба на оружје на Тајван,спорниот остров, кого Кина го смета за нелегално отцепена покраина.
“САД ќе бидат одговорни за последиците од продажбата на оружје на Тајван,врзани за билатерални,регионални и меѓународни прашања” -предупреди портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Ma Zhaouxu.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top