Саркози од Давос “рафално” удри по капитализмот

“Ќе го спасиме капитализмот само ако направиме да биде поморален” –рече Саркози.

 |  Маја Савиќ  | 
Sarkozy
Саркози

Ekonomski forum vo DavosНиколас Саркози од говорницата на Светскиот економски форум во Давос огорчено зборуваше за глобализацијата,манипулацијата со валутите,шпекулациите на берзите и “непристојно” високите плати во финансискиот сектор.
Во уводниот говор Саркози рече дека капитализмот мора да стане помалку “договорен” ,дека банкарите мора да се концентрираат повеќе на одобрување кредити а помалку да се занимаваат со тоа колкави плати земаат,како и  тоа дека земјите кои намерно ја потенцираат својата валута можат да очекуваат контраудар во форма на протекционизам.
Саркози ја нагласи потребата од редефинирање и повторно осмислување на капитализмот и глобализацијата.
“Финансиската криза од 2008 година и економската рецесија која следеше не беа само глобална криза туку криза на глобализацијата и во самата глобализација” –рече францускиот претседател.
Исто така тој укажа на фактот дека финансиите,слободната трговија и конкуренцијата се само средства а не цели,додавајќи дека големото прашање не е со што да се замени капитализмот туку како да се развие неговата антагонистичка форма.
“Ќе го спасиме капитализмот само ако направиме да биде поморален” –рече Саркози.
“Не можеме да имаме мултиполарен свет а само една светска валута” и додаде дека на светот му е потребен нов Bretton-Woods алудирајќи на составот на валутни курсеви воведен после Втората светска војна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top