Сибирскиот студ и натаму ја окова источна Европа предизвикувајќи нови жртви
Сибирскиот студ и натаму ја окова источна Европа предизвикувајќи нови жртви, а полека се движи кон западниот и југозападниот дел од континентот.
Од понеделник до среда наутро во Полска се регистрирани десет смртни случаи како последица на големите студови. А бројката жртви од почетокот на ноември се искачи на вкупно 212 починати, соопшти портпаролката на полицијата. Жртвите се главно мажи на возраст меѓу 35 и 60 години, без постојани престојувалишта. Инаку, најсмртоносна зима во Полска последните години е 2005-2006, кога се забележани 233 смртни случаи.
Околу пет илајди домаќинства на југот на Полска останале повеќе денови без струја, откако електричните кабли се скинале под тежината на снегот или од мразот.
Во Романија од екстремно студеното време во последните 24 часа умреле уште 11 лица, а температурите во вентралниот дел од змејата паѓаат и до -32 степени Целзиусови. За шест од студ починале 34 Романци. Колку се ниски температурите зборува и податокот дека водите на Црното Море замрзнале речиси 300 метри од брегот. Во Романија заради ваквите температури е забележан уште еден феномен а тоа е „вриењето“ на Дунав кој се случува заради големата разлика на температурите на водата и на воздухот.
Во Германија зимава починале од студ 14 лица, што е најголема бројка во последните 13 години.
Во Бугарија преку викендот забележани се најмалку три смртни случаи како последица на смрзнување. Тамошните метеоролози предвидуваат студот да трае до крајот на седмицата а регионот на познатото црноморско летувалишште Варна од петокот е речиси отсечено од светот.
И Русија е зафатена со најострата зима во последните 60 години, соопштија тамошните метеоролошки служби, пренесе Итар-тасс. Утринската температура во Москва била -26 степени, а во Санкт Петербург -20. Во градот Орел, 380 километри јужно од Москва, забележани се -30 степени Целзиусови. Како куриозитет Риа Новости наведува дека дури 1.733 банкомати на „Сбербанк“ во Москва замрзнале.
И обично благата зима во Шпанија оваа година се претвори во вистинска сибирска зима, па зарди големите снегови и силните ветрови прогласен е повисок степен на опасност во градовите Валенсија, Аликанте и Мурсија. Метеоролозите прогнозираат дека во текот на денот студениот бран ќе мине и во Мароко и Алжир на африканскиот континент.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град