Црна Гора и Косово официјално воспоставија дипломатски односи

Црна Гора и Косово во петок воспоставија дипломатски односи со размена на писма на министрите за надворешни работи Милан Рочен и Скендер Хисени, соопшти црногорската влада.

 |  Голабовски Крсте  | 
Prishtina
Приштина

Црна Гора и Косово во петок воспоставија дипломатски односи со размена на писма на министрите за надворешни работи Милан Рочен и Скендер Хисени, соопшти црногорската влада.

PodgoricaШефот на црногорската дипломатија во писмото до косовскиот колега изразил очекување дека положбата на црногорската заедница на Косово ќе биде трајно решена.

„Ова ќе придонесе за подобра меѓусебна доверба и традиционална почит која ја негуваат нашите пријателски народи во интерес на заедничките добра и јакнењето на регионалната стабилност и брзите достигнувања на заедничките европски и евроатлански цели“ се наведува во писмото на Рочен.

Црна Гора на 9 октомври 2008 година го призна Косово по што Белград го протера црногорскиот амбасадор. Дипломатските односи се нормализираа една година подоцна кога новиот црногорски амбасадор Игор Јововиќ му ги предаде акредитивите на српскиот претседател Борис Тадиќ.

Србија и сугерираше на Црна Гора да причека со чинот на воспоставување на дипломатски односи со Косово до одлуката на Меѓународниот суд за правда во Хаг.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top