100 милиони долари од Светска банка помош за Хаити

Светската банка  одобри 100 милиони долари итен заем за поддршка и обнова на најсиромашната карибска држава.

 |  Голабовски Крсте  | 
zrtva
жртва

Светската банка  одобри 100 милиони долари итен заем за поддршка и обнова на најсиромашната карибска држава.

Haiti“Ова е шокантно, меѓународната заедница го поддржува Хаити во овие тешки моменти”, изјави претседателот на светската банка Роберт Зелик.
Светската банка испрати тим на Хаити, кој ќе соработува со владата и меѓународните партнери кои треба да ја проценат штетата од земјотресот во кој загинаа 100.000 луѓе.

Американскиот претседател Барак Обама најави брзо координирање и зголемени напори за спасување на жртвите, како и вклучување на екипите за трагање и спасување. САД, исто така, во Хаити испрати спасувачки екипи како и опрема од градежни машини, хеликоптери, бродови.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја откажа својата азиска турнеја со цел да се приклучи во акцијата за помош на Хаити.
Канада како и европските и латиноамерканските земји се мобилизираа и помогнаа на карибската држава.

Според податоците од Светската банка, од десет милионското население на Хаити по глава на жител има приход од 560 долари,  околу 80 отсто живее со два долари на ден. БДП во 2008 година изнесувало седум милијарди долари.
Хаити  сеуште тешко се опоравува од четирите урагани кои се случија во 2008 година во кои загинаа 800 луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top