Два силни земјотреси на соломонските острови, жртви нема

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала во понеделник рано наутро ги погоди Соломонските острови во југозападниот дел од Пацификот, соопшти американскиот Институт за геофизика.

 |  Голабовски Крсте  | 
Solomonski oi
Соломонски ои

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала во понеделник рано наутро ги погоди Соломонските острови во југозападниот дел од Пацификот, соопшти американскиот Институт за геофизика.

Solomonski oiСпоред првичните информации во земјотресот нема жртви, а причинета е мала материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил под површината на морето, на длобочина од 30 километри и на околу 100 километри од градот Гизо, втор по големина на архипелагот, но предупредување за цунами не е издадено

Земјотресот бил регистриран во 9:36 часот по локално време, а му претходен послаб потрес кој бил забележан во 8:48 часот.

На Соломоновите острови, земјотресите се доста чести. Во септември минатата година, во регионот на Пацификот силен земјотрес предизвика плима од која на островите Самоа и Тонга загинаа 186 луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top