Шпанија го презема претседавањето со ЕУ

Шпанија со новата година го презема претседавањето со Европската унија, кое се смета за преодно, бидејќи е прво по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, кој донесува значителни промени во функционирањето на унијата.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
logo

Шпанија со новата година го презема претседавањето со Европската унија, кое се смета за преодно, бидејќи е прво по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, кој донесува значителни промени во функционирањето на унијата.

картаВисоко меѓу приоритетните задачи на своето претседавање, Шпанија го постави проширувањето, при што очекува и напредок во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, но нема намера да се вмеша во процесот на решавање на спорот што се води во Обединетите нации.
Во рамките на проширувањето Мадрид очекува завршување на претпристапните преговори со Хрватска, продолжување на преговорите со Турција, како и почеток на преговорите со Исланд, а ќе се посвети и на неодамна поднесената апликација за членство на Србија во Европската унија.
Шпанија е една од петте држави членки на ЕУ, која не ја признава независноста на Косово, но прашањата во врска со Косово ќе ги решава неутрално и апсолутно конструктивно.
Шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос најави дека на меѓународната конференција за Западен Балкан ќе покани и претставници на Косово.
Клучни приоритети на Шпанија за време на шестмесечното претседавање ќе бидат имплементација на Лисабонскиот договор, како и закрепнување на европската економија по финансиската криза.
Додека досегашното претседавање на Шведска беше историско поради имплементацијата на Лисабонскиот договор и беше последно, по стариот систем,  претседавањето на Шпанија е исто така историско, како прво според новите правила.

Лисабонскиот договор ја воведе функцијата на првиот постојан претседател на ЕУ, на која е именуван Херман Ван Ромпуј, како и нов висок преставник за надворешни работи, која ќе ја врши Кетрин Ештон.
Тие ги преземаат функциите во петок но не се очекува улогата на претседателот и шефот на дипломатијата на ЕУ да целосно да се формираат во наредните шест месеци и затоа шпанското претседателство, во соработка со Ромпуј и Ештон ќе ги подготви сите клучни настани во наредните шест месеци.
За време на шпанското претседавање треба да започне со работа и Европската комисија во нов состав. Доколку нема проблеми, комисијата ќе стартува во февруари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top