Компанијата „Хуго Бос“ планира своето производство од САД во април да го пресели во Романија, Бугарија и Турција.
Со реализирањето на планот, околу 300 работници ќе бидат отпуштени.
Од германската компанија одбија да ги коментираат информациите за затворање на производството во САД, но најавија дека ќе исплатат отпремнина за оние што ќе останат без работа.
“Хуго бос ќе ги исплаќа своите работници во Кливленд до затворањето на погонот во 2010 година, дури и да се намали производството во тој период. По тој датум, раководството сака во соработка со синдикатите да преговара за соодветен надоместок за вработените“, објавија од компанијата.
„Хуго бос“ веќе води преговори за селење на производството во Романија, Турција и Бугарија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град