Убиени 76 новинари во 2009 година

Војните и оспоруваните избори се најопасните настани за новинарите.

 |  Голабовски Крсте  | 
novinar
новинар

Војните и оспоруваните избори се најопасните настани за новинарите.

Во 2009 година биле убиени 76 новинари, што е за 76 отсто повеќе од 2008 година, објави медиумската организација „Репортери без граници“ во својот годишен извештај.

novinarВо 2009 година исто така е регистриран најголемиот број киднапирани новинари – 33 наспроти 29 отсто во 2008 година. Нападнати или оние на кои им бил загрозен животот биле 1.456 новинари, за разлика од 929 минатата година. Се зголемиле и репресиите врз блогерите – 151 во споредва со 59 случаи во 2008 година.
Бројот на земјите, каде што е наложена цензура на Интернет речиси се удвоил – 60 држави прибегнале кон таква практика, за разлика од 37 минатата година.

– Главната причина за загриженост за 2009 година е масовното напуштање на новинарите во репресивни земји како Иран или Шри Ланка. Властите на тие држави сфатија, дека ако ги поттикнуваат новинарите да си заминат, тие значително го намалуваат плурализмот на идеите и степенот на критика. Таа тенденција е опасна и треба да биде остро осудена, изјави генералниот секретар на „Репортери без граници“ Жан-Франсоа Жулиар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top