Едно лице кое патувало Амстердам – Детроит планирал да го дигне во воздух авионот, но експлозивната направа не се активирала, соопшти американски претставник од американската Служба за борба со тероризмот.
Осомничениот 23-годишен Нигериец е испитан од американското Федерално истражно биро (ФБИ), и се претпоставува дека е поврзан со Ал Каеда.
Портпаролот на авиокомпанијата „Делта ерлајнс“ истакна дека патникот прво запалил мала бомба во авионот, но бил совладан од патниците и членовите на екипажот. Во инцидентот повредени се две лица од кои едниот е хоспитализиран.
Инцидентот се случил 20 минути откако авинот авионот Ербас 330, со кој патувале 278 луѓе, слетал на аеродромот во Детроит.
Поради инцидентот американските власти објавија дека воведуваат дополнителни безбедносни мерки на аеродромите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град