Осумнаесет лица загинаа во силното снежно невреме, проследено со леден дожд, кое во пресрет на Божик го зафати централниот дел на САД.
Невремето предизвика проблеми во патниот сообраќај и го отежна движењето на луѓето за време на Божик.
Портпаролот на Националната метеоролошка служба ги посоветува граѓаните да се откажат од плановите за патување и да не се доведуваат во опасност.
Невремето го зафати централниот дел на САД од канадската граница до Тексас.
Во северните делови снежната бура може да предизвика формирање на 60 сантиметарска снежна покривка, додека на југ беше прогласена тревога за поплави.
Источното крајбрежје на САД минатата недела беше погодено од силна снежна бура, која го парализира транспортот и работата на администрацијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град