Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди изутринава индонезискиот остров Суматра, а засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, соопшти индонезискиот Геофизички институт.
Потресот е регистриран во 8:11 часот по локално време (1:11 по Гринич) на 56 километри југоисточно од островите Ментаваи, на длабочина од десет километри. Половина час подоцна е регистриран и втор потрес со интензитет од 5,3 степени.
Земјотрес со интензитетот од 7,6 степени според Рихтеровата скала на 30 септември го погоди западното крајбрежје на Суматра, при што илјадници лица загинаа и голем број беа ранети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град