Полската полиција по спроведената голема истрага го пронајде натписот „Работата ослободува“ кој беше украден од влезната порта на поранешниот германски концентрационен логор Аушвиц.
Во акцијата, спроведена во северниот дел на земјата, уапсени се пет лица, на возраст меѓу 25 и 39 години, јавуваат локалните медиуми.
Натписот со букви направени од челик долг пет метри и тежок 40 килограми бил пронајден во три дела. Тој важи за циничен симбол за злосторствата на национал-социјалистите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град