Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е примен во болница во Милано со напукнат нос, два искршени заба и расцепена усна, соопштија агенциите.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е примен во болница во Милано со напукнат нос, два искршени заба и расцепена усна, соопштија агенциите.
Тој ќе остане во болницата најмалку 24 часа.
Синоќа 73-годишниот Берлускони беше нападнат, додека делел автограми по средбата со приврзеници на својата партија во Милано, на која оддржал долг говор.
Напаѓачот е идентификуван како Масимо Тарталиа, на возраст од околу 40 години, соопштија агенциите.
Тој го удрил Берлускони со метална минијатура на Миланската катедрала.
Од ударот 73-годишниот Берлускони паднал на земја. Италијанската телевизија го покажа Берлускони со крв на усните, додека неговите помошници му помагаа да се исправи на нозе.
Пред митингот Берлускони бил пресретнат од група луѓе, кои го нарекле “паљачо”, соопштија агенциите. Премиерот неколку пати им одговорил со зборовите “Засрамете се!”. Според агенциите, се уште не е познато дали дали напаѓачот бил дел од групата која влегла во вербална пресметка со премиерот.
Пред неколку години во Рим, Берлускони беше удрен од млад човек кој врз него фрли статив за фотоапарат при што му беше повреден вратот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град