Вонреден состанок на претседателите на парламентите на државите членки на Европската унија и земјите со кандидатски статус, ќе се одржи денеска во Стокхолм.
Парламентарниот самит што ќе се одржи во шведскиот парламент е прв по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор и ќе биде посветен на новата улога на националните парламенти, како и на јакнењето на соработката на Европскиот парламент со парламентите на државите членки и кандидати за членство во Унијата.
Лисабонскиот договор стапи на сила на 1 декември, по речиси десетгодишни напори за институционални реформи, коишто на ЕУ би требало да и овозможи полесно функционирање и посилен глас на меѓународната сцена.
Со договорот од Лисабон, националните парламенти прв пат добиваат можност да го кажат своето мислење при донесувањето на европските закони.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град