Американски владин функционер во четврток соопшти дека висок водач на терористичката Ал Каеда бил убиен во напад на беспилотно летало во западен Пакистан.
Изворот на информацијата не сакал да ја идентификува жртвата на американскиот напад, но појаснил дека не станува збор ниту за Осама бин Ладен, ниту за Ајман ал Завахири, двајцата први луѓе на најголемата терористичка мрежа во светот.
Информацијата за убиството на припадник на врвот на Ал Каеда ја пренесе и NBC News, повикувајќи се на релевантни разузнавачки извори, кои потенцирале дека нападите на беспилотните летала зачестиле откако стапи на должност администрацијата на претседателот Барак Обама.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град