Актуелниот боливиски претседател Ево Моралес синоќа објави дека победи на претседателските избори.
Актуелниот боливиски претседател Ево Моралес синоќа објави дека победи на претседателските избори, а опозицијата го призна поразот.
Според неофицијалните резултаи Моралес добил поддршка од 62 проценти од гласачите, додека за неговиот политички опонент десничарскиот кандидат Манфред Рејес Вија гласале 23 отсто.
Моралес, поздравувајќи ги своите приврзаници насобрани пред претседателската палата изјави дека Боливија тргнала по патот на изградба на „социјализмот на 21 век“.
Според првичлните резултати владејачката партија „Движење за социјализмот“ освои мнозинство и во двата дома на боливискиот Парламент.
Официјалните резултати од вчерашните претседателски и парламентарни избори ќе бидат објавени утре.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град