Извршниот директор на „Џенерал Моторс“ поднесе оставка

Главниот извршен директор на американската автомобилска корпорација „Џенерал Мотрос“, Фриц Хенедерсон поднесе оставка на функцијата, јави телевијата Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на неимениван извор „близок до раководтсвото на компанијата“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Fritz Henderson
Фритц Хендерсон

Главниот извршен директор на американската автомобилска корпорација „Џенерал Мотрос“, Фриц Хенедерсон поднесе оставка на функцијата, јави телевијата Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на неимениван извор „близок до раководтсвото на компанијата“.

GMСпоред истиот извор, ваквата своја одлука Хендерсон ја обелоденил на заседанието на 13-члениот Одбор на директори на „Џенереал Моторс“ што се одржа синоќа во Детроит.
Хенедерсон беше избран за главен извршен директор на „Џенерал Моторс“ кон крајот на март оваа година, кога компанијата беше доведена до банкрот и беше спасена со голема финансиска помош од американската Администрација, која при тоа го принуди дотогашниот прв човек на овој некогашен автогигант Рик Вагонер да поднесе оставка.
По обелоденувањето на оставката на Хендерсон, Белата куќа соопшти дека нема никаква врска со одлуката за неговото заминување.
„Џенерал Моторс“ вчера соопши дека добила нова понуда за нејзината филијакла во Шведска, „Сааб“, откако претходно пропаднаа плановите за нејзина продажба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top