Повеќе од 85 претседатели на држави и влади најавиле учество на самитот за климатските промени во организација на Обедиентите нации, кој ќе се одржи во данскиот главен град од 7 до 18 декември.
Оваа информација потекнува од извори блиски на данскиот премиер Ларс Лоеке Расмунсен, кој престојува во Порт од Спејн на самитот на Комонвелтот кој е псоветен на глобалното затоплување. Расмунсен изјавил дека одговорите на поканите кои им биле испратени на премиерите и претседателите на држаавите, главно биле позитивни.
Од неговиот кабиент, излегла информацијата дека до петокот, 87 светски лидери ја прифатиле поканата и го потврдиле своето присутво во Копенхаген.
Меѓу оние кои го најавија своето доаѓање на самитот за климатските промени се, претседтелите на САД, Бразил и Франција, Барак Обама, Луис Инацио да Силва и Николас Саркози, германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Гордон Браун, како и премиерите на Јапонија и Австралија, Јукио Катцојама и Кевин Руд.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град