„Apple“ за три месеци оствари раст од 9,87 милијарди долари

Американскиот информатички гигант „Епл“ во четвртото тромесечие од фискалната 2009 година оствари приход од 9,87 милијарди долари и нето добивка од 1,67 милијарди, односно 1,82 долар по корегирана акција.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Американскиот информатички гигант „Епл“ во четвртото тромесечие од фискалната 2009 година оствари приход од 9,87 милијарди долари и нето добивка од 1,67 милијарди, односно 1,82 долар по корегирана акција.

logoВо истото тромесечие претходната фискална година остварен е приход од 7,9 милијарди долари и нето добивка од 1,14 милијарди долари или 1,26 долари по корегирана акција. Бруто маржата достигнала 36,6 отсто, што претставува пораст во однос на минатогодишното тромесечие кога изнесувала 34,7 отсто.

Меѓународната продажба претставувала 46 отсто од приходот на „Епл“ во четвртото тромесечие од тековната фискална година.

– Многу сме задоволни со резултатите за овој квартал и фискалната 2009 година”, изјави финансискиот директор на „Епл“ Питер Опенхајмер.

– Во исклучително тешки времиња го зголемивме приходот за 12 отсто и нето добивката за 18 отсто на ниво на цела година, а во првото фискално тромесечие од 2010 година очекуваме приход од 11,3 до 11,6 милијарди долари и корегирана добивка по акција меѓу 1,70 и 1,78 долари, наведе Опенхајмер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top