Концентрацијата на штетни гасови достигна рекордно ниво, соопшти Светската метеоролошка организација.
Концентрацијата на штетните гасови, кои се главна причина за глобалното затоплување, достигна највисоко ниво регистрирано досега и тоа продолжува да се зголемува, соопшти Светската метеоролошка организација (СМО).
– Нивото на повеќето штетни гасови продолжува да се зголемува, се наведува во извештајот на СМО, објавен пред конференцијата посветена на климатските промени, која треба да се одржи следниот месец во Копенхаген и на која се очекува да се усвои нова меѓународна спогодба за борба против глобалното затоплување.
Генералниот секретар на СМО Мишел Жаро изјави дека оваа тенденција го води светот кон досега најпесимистичките оценки во однос на зголемувањето на температурата во изминатите децении, со што се појавува неопходноста од преземање итни акции,.
– Јаглерод диоксидот се повеќе навлегува во атмосферата. Содржината на јаглерод диоксидот во атмоферата се зголемуваше со побрзо темпо во 2008 година, отколку изминатата деценија, кога темпото на зголемување беше 1,9 честици на милион, изјави Жаро на прес-конференција во Женева при презентација на годишниот извештај на СМО.
Според најлошите сценарија, дадени од Меѓувладината група за климатски промени во извештајот од 2007 година, до крајот на векот температурата ќе се зголеми за 2,4 до 6,4 степени Целзиусови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град