Српскиот патријарх Павле денеска ќе биде погребан

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле денеска во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во манастирот „Свети Архангел“ во Раковица.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pavle
Павле

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле денеска во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во манастирот „Свети Архангел“ во Раковица.

PavleУтрово во Соборниот храм, каде се изложени посмртните останки на српскиот патријарх, започна упокоителна литургија која ја предводи Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Српскиот патријарх по сопствена желба ќе биде погребан на манастирските гробишта покрај првиот патријарх на обновената патријаршија на СПЦ, Димитрија.
Во подготовката на неговиот вечен дом учествувале и сестринството на манастирот и граѓаните на Раковице.
Централното случување на погребната церемонија ќе биде опелото на платото пред Спомен храмот „Свети Сава“, на кое ќе можат да присуствуваат најголем број граѓани и гости од сите краишта на Србија и од странство.
Патријархот Павле почина на 15 ноември на 95-годишна возраст во Военомедицинската академија во Белград, каде беше на лекување од 13 ноември 2007 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top